Тамара, понежната половина на Апасиев се огласи вечерва: Дајте нафтата, да наздравиме

  • By admin
  • март 24, 2021
  • 0
  • 1676 Views

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека во време на пандемија не треба да се прави попис. Тој на Канал 5 изјави дека ниту една држава во светот не попишува иселени.

-Ова е попис за отпис на Македонците како конститутивен народ – рече Апасиев, додавајќи дека ќе ги гонат властите за загрозување на јавното здравје.

Имаме неколку аргументи како партија зошто сме против пописот. Првиот е здравствениот аргумент“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, јавното здравје е приоритет.

„ООН преку својот департмент за статистика препорача сите земји да ги одложат пописите. Тоа го направи Германија, Шкотска, Ирска, Романија, Хрватска, Србија. Ние како партија предлагаме одложување за една година“, истакна Апасиев.

Тој нагласи и дека меѓународните аргументи се мошне силни, бидејќи пописите во цел свет се унифицирани.

„Има неколку групи на пописи. Ние имаме комбиниран попис, кој го ставија со европско знаменце. Никаде во светот нема попис на дијаспора“, вели Апасиев.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во Само вистина на Канал 5 вечерва изјави дека треба да имате кичма за да ве почитуваат, коментирајќи го одложувањето на пописот во Србија, но и процесот на вакцијација.

За фактот дека се пролонгираше пристигнувањето на вакцините „Фајзер“, рече дека иако власта се правда дека проблем е тоа што сме мал пазар, со 2 милиони жители, наведе пример дека Латвија добила вакцини иако е помала според бројот на жители.

Бројни се реакциите на јавноста и на социјалните мрежи по гостувањето на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. И неговата понежна половина Тамара Јованов се огласи преку својот личен профил на фејсбук и напиша:

“Апасиев е небитен”. 2 пати “снемува струја” во една емисија од 40 минути. Дајте нафтата, да наздравиме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.