Во пресрет на новогодишните празници,Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева им го претставија на фановите нивниот прв – долгонајавуван албум „Пола тебе – пола мене“.
Избраа одличен наслов за албумот како мотото на Атиџе, пчеларката од селото Бекирлија, за која преку документарецот „Медена земја“ дозна целиот свет.
Албумот бил работен 12 месеци, се состои од осум песни, на македонски и на турски јазик и беше промовиран во Скопје, а Атиџе и Сузана се и автори на дел од песните.
Истите се снимани во студиото на Роберто Поп- Димитров „Кентаур“, кој е исто така дел од авторите. 2 текстови од албумот се дело на Огнен Неделковски.
еа промовирани и два нови спота, за една турска народна песна и за песната која Турунџиева ја напиша, а се вика едноставно, „За Атиџе“. И двата спота се снимани во Истанбул, од каде што неодамна се вратија Сузана и Атиџе.
Тие на промоцијата ја испејаа својата прва песна „Иста судбина“, во придружба на „Ми каса бенд“. Судбината, како што претодно раскажаа ги спои, а и во песните, познатата пејачка, водителка, писателка и професор по музико образование, Сузана Турунџиева, изјави дека чувствува како цел живот да ја познава Атиџе.
Сузана Турунџиева денес се огласи на својот профил на фејбук каде што сподели:
И ја скрш ија радоста на жената. На сите кои што се дрзнале да ја нав редуваат Атиџе им посакувам со толку пари колку што живее Атиџе во месецот, и тие со толку да преживуваат… и тоа до крај на нивниот миз ерен живот!
Дека јас одамна имам отрпнато и не ме засегаат коментари од не среќни, фру стрирани и нереализирани ло ши човечки примероци па и не ме допира кој што “тресе” по порталите, верувајте навистина не ме допира.
Само ме мотивира уште повеќе! Ама дека за една чиста и невина скромна душа како Атиџе ќе плу каат, вреѓ аат и ко лнат, немаше никогаш да поверувам.
На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја нав редуваат!!! Бол на е оваа средина… мнооогу бол на! Безнадежно бол на!
Да се засрамат сите до еден и да се молат Бог да им прости за сите гревови во кои влегле.А за сите нивни клев ети, нав реди и нарушување на углед, ќе одговараат соодветно законот!
Сигурна сум дека ова Атиџе ќе ја направи посилна, а јас и натаму ќе бидам до неа, ќе ја заштитувам и ќе и помагам онака како што го правев тоа и досега.