Сузана Спасовска преку песна порачува: Стани Македонијо

  • By klaster3
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 460 Views

Македонската фолк-пејачка Сузана Спасовска македонската песна ја негува уште од 80-тите години и има снимено над 15 самостојни аудио и ДВД изданија.

„Сузе Национале“, „Бисерното грло на Македонија“, „Амбасадорот на македонската народна песна“ се само дел од синонимите за Сузана Спасовска.

Желбата за пеење ја поседува уште од најрана возраст. Успева да стекне голема популарност и да се закити со статус на вистинска музичка ѕвезда кој постојано го одржува и оправдува повеќе од три децении.

Пејачката неодамна одбележа 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена, па по тој повод со јавноста сподели нешто уникатно на наши, но и пошироки простори.

– Веќе 3 години мојот музички опус се наоѓа на сите светски дигитални платформи, и македонската песна ја слушаат насекаде по светот, а денес, со гордост ви го најавувам мојот јубилеен музички проект – ЦД и КАСЕТА “Приказна”.

Јубилејно УСБ “Приказна”. УСБ- то содржи: Цд “Приказна”( 19 песни), дигитална музичка монографија на Сузана Спасовска, сингл “Да сум бистра вода” и 35 хитови подарок по повод јубилејни 35 години на сцената, сподели Спасовска.

– Јас ја имам сфатено мојата кариера како нешто најважно во животот. Не ми се потребни не знам какви златни чешми по дома и луди коли, јас едноставно вложувам во тоа.

Го земам од народот, ја земам и љубовта и енергијата и сето тоа за што сум платена и го враќам назад кај мојата публика, истакнува Сузана во емисијата 7/8.

– Јас одвај чекам да бидам пензионерка, секако ке си продолжам ама на проекти и нешто за моја душа. Меѓутоа кога ќе бидам пензионерка ќе можам повеќе време да поминувам со внуката, признава Спасовска.

Од нејзино време останаа голем број хитови кои и ден денес се актуелни и народот ги слуша. Па така, Спасовска еден од хитовите реши да го посвети на нејзината татковина Македонија.

Со песната им праќа порака на сите Македонци да станат и да ја одбранат својата земја, секако во контекст на актуелните случувања во врска со добиениот француски предлог за Македонија.

„Стара песна (2002 г.), а секогаш актуелна. Стани Македонијо! …Чеда свои повикај…синој свои собери…земја да се одбрани, земја баш Македонска!Стани Македонијо!!!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.