Стојанче Ангелов: Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари Македонците кои денес имаат бугарски пасош

  • By admin
  • мај 4, 2022
  • 0
  • 450 Views

Како што е познато во земјава денеска се одбележуваат 119 години од упо којувањето на Гоце Делчев.

Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и пратениците Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска ќе положат цвеќе во црквата „Свети Спас“, на Гоце Делчев.

Цвеќе ќе положат делегации од други државни институции, здруженија и граѓани.

Воедно, во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија од областа на науката.

Гоце Делчев на денешен ден во 1903 бил уб иен од турската вој ска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Вое ната академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Стојанче Ангелов, претседател на партијата „Достоинство“ и актуелен директор на ЦУК денес по повод овој настан се огласи на својот профли на фејсбук каде што напиша:

Се родил, школувал и дејствувал во Егејска Македонија, учителствувал и дејствувал во Вардарска Македонија, дејствувал и во Пиринска Македонија.

Насекаде како апостол на македонската револу ционерна бо рба. Затоа, Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари Македонците кои денес имаат бугарски пасош. Вечна ти слава Војводо македонски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.