Близнаците Мартин и Стефан Филиповски го сочинуваат музичкото дуо ,,Некст Тајм” кое во последно време е препознатливо по нивните етно преработки.
Стефан е водечкиот пејач во групата додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал. Групата ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во Москва, Русија.
– Овде ако му кажеш на некое дете дека не го бива или лош збор, веднаш ќе се налути и ќе мисли дека е наместено а утре нема ниту да ти ја слуша музиката.
– Јас не можам да бидам во некое си жири како што е Ѕвезде Гранда, ја си се пронаѓам во поп и рок музиката, како и етно музиката, која ја преработуваме во последно време.
– Во Македонија во такви шоуа треба да внимаваш што ќе кажеш да не навредиш некој. Но во Србија многу се плаќа за да бидеш жири во такви шоуа.
– И од таму почнува професионалноста, во Македонија ќе те викнат за да те има по телевизија, а нема ниту да ти платат, вели Стефан од ,,Некст Тајм”
На прашањето од Миро дали и се пуштале девојки поради популарноста Мартин вели: Мојата девојка е пример дека ниту една девоја друга ми нема пишано.
– Ние немаме изградено имиџ на премногу достапни луѓе, знаеме што сакаме. Ние сакаме да сме со една девојка и сме фокусирани.
– Ја слушнавме евровизиската претставничка за Македонија, можам да кажам дека песната е одлична но сепак тоа не е за на Евровизија.
– Ние бевме таму и знаеме што се бара. Ќе повторам песната е супер но не е за таму, вели Мартин во емисијата Г- Карпет.
– Таму се бара некоја по весела и жива песна, ќе ја ставам Србија како пример, нешто што ќе го поттикне слушателот, а исто така битно е да се однесуваш како ѕвезда таму. Дури и да не си, додава брат му Стефан.
– Живееме на посебни спратови, но јас почесто сум и во Австрија, има една личност во мојот живот и одам таму, вели Стефан.
– Во нашиот фрижидер најчесто има јајца, стек и некој протеински пудинзи, како и некој сосеви. А во последно време јадеме и протеински колбаси.