Како што е познато нордискиот скијач Ставре Јада, кој учествуваше на Зимските Олимписки Игри 2018 година во Пјонгчанг, ја потврди олимписката А норма за ЗОИ во Пекинг наредната година.
Според последната официјална Фис листа, Јада е со четири фис точки подобар, а во моментот младиот 21-годишне крушевчанец е најдобра македонски нордиски скијач.
Сепак овој млад наш спортист денеска ја бра нува јавноста откако како што вели по неколку дена размислување, сепак реши да проговори со што се соочува:
-По неколку дена размислување и голема раз очараност од претходното раководство на Скијачка Федерација дојде денот да проговорам затоа што ова повеќе неможе да се трпи.
За 2021год лично за мене Агенцијата за Млади и Спорт додели ваучер (наменски средства) кои ми беа и тоа како потребни за подготвителниот период за оваа сезона и секако за Зимската Олимпијада која ќе се одржи за нешто помалку од 3 месеци.
Но јас од тој ваучер не сум видел ниту 1-денар за тоа се вин овни и тоа како Васил Сокле и Ѓоко Динески луѓето кои 8-години се потпираа на мене, луѓето кои од мене изградија станови, куќи, си купиа коли.
Луѓето кои ја водеа федерацијата без ниту еден извештај за сработеното и што уште не и згора на СЕ, од тој личен мој ваучер кој ми беше спечален со труд и пот дали си префрлија средства на сметката на клубот “Олимпик скии”??,
А јас и понатаму подготовките ги реализирам со средства од Македонскиот Олимписки комитет и секако од Скијачката Федерација, а на горе наведените нека им служи на чест тоа што го прават.
И што сакаат да ми нанесат раз очараност пред почеток на зимската сезона, но што е тука е Господ е голем и јас сум чист пред него.