Сведоци сме во последен период на големо зголемување на нафтените деривата во Македонија, па од ден на ден имаме се почесто нови цени.
Како што е познато од вчера малопродажните цени на бензините Еуросупер бс-95 и Еуросупер бс-98, се намали за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер бс-95 изнесува 110,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер бс-98 изнесува 112,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕуродизелЛсе зголеми за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел изнесува 110,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 107,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,421 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 56,738 ден/кг.
Владата на Грција предводена од премиерот Киријакос Мицотакис на денешната седница одобри дополнителни 375 милиони евра за субвенционирање на горивото, одлука која ќе стапи на сила од 1 јули
Според предлогот на Мицотакис, со новите мерки се зголемува субвенцијата на таканаречениот проект Фуел пас 2 од 45 евра на 80 евра месечно по сопственик на автомобил, додека субвенцијата за сопствениците на мотоцикли се зголемува од 35 на 60 евра. За островите субвенцијата се зголемува од 55 на 100 евра по возило.
Традиционално во летниот период како многу Македонци, така и Срби патуваат на годишен одмор во Грција што е случај и годинава.
Но во една од групите за летување во Грција кај нашите северни соседи се разви една дискусија за цените на нафтените деривати во нашата држава, па извесен Филип Марковиќ напиша:
„Како сега Србите ќе одат на море без ефтиното македонско гориво“, а на ова му реплицираа уште неколкумина кои ја потврдуваат неговата констатација.