Спасовски не може да го преболи Груевски: Нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓанит

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 1905 Views

Обвинетиот во Таргет-Тврдина, Сашо Мијалков, цело време бил во Скопје и во моментов се води целосна истрага, информираше утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по вчерашното појавување и притворање на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Спасовски, во гостување во „Утрински брифинг“ изјави дека работеле со дежурните обвинители од Основното јавно обвинителство, а од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај.

По два дена „бегство“, Мијалков вчера сам се пријави во Обвинителството, каде му беше дадено решението за домашен притвор. Тој изјави дека бил болен, не знаел што се случува и се извини на „сите за непријатностите што ги предизвикал“.

Потоа Спасовски проговори и за Никола Груевски:

-Да преземам морална одговорност за тоа што го работат секторите со кои што раководам. Ако има пропуст, да, но таму нема пропуст. Истрагата ако покаже одговорност кај било треба даима не морална, политичка, туку кривична одговорност. Бегството на Груевски е нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓаните. Тој беше олицетворение на криминалот.

И тогаш истата ситуација се случува. Имаме состојба во која што тој вади голема сума на финансиски средства, Управата за финсиско разузнавање тоа го следи, ја доставува информацијата до Јавното обвинителство, до Катица Јанева и не се презема ниту една мерка да се обезбеди заштита. Уште тогаш се сеќавате дека јас реков дека почнувам да се сомневам во СЈО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.