Спасе временска прогноза: Кога ги здогледав шушумигите во живо им дадов на знаење дека се обични сиротињи

  • By klaster3
  • ноември 2, 2022
  • 0
  • 257 Views

Кога ќе се спомне името и презимето на Спасе Јовановски на многумина нема да и биде познато, но кога ќе се каже Спасе Рола или Спасе временска прогноза е тогаш работите се менуваат.

Како што самиот напиша во една прилика, во ТВ Сител е веќе пет години и јавноста го гледа како презентер на временската прогноза.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде што споделува фотографии од приватниот и професионалниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење.

Така и овојпат, имаше што да им каже на оние коишто го следат на социјалните мрежи, па во свој стил издоминира:

Вчера естрадниот магазин “Бекстејџ” го прослави својот 15 роденден. Сите собрани на куп, убава забава, награди, дотерани, недотерани и секако КИЏЕРАЈ! Тоа е веќе стандард за било која прослава кај нас.

Но! Јас забележав нешто друго…Меѓу присутните беа и оние кои прв пат моите очи низ златните “Cartier” ги здогледаа.

Оние силните на тастатура и бацање хејт, што на инста што на твитер а и на фб, а кога ги здогледав шушумигите во живо не знаеа на која страна да се свртат!

Доволно беше само што накосо ги погледнав, и им дадов на знаење дека се обични сиротињи. Затоа што не вредат зборови а камоли нешто друго да се превземе.Умислени, а небитни па цови!

Па едно време си викам, и ја да бев на нивно место можеби ќе бацав хејт! Момак висок 190! Талентиран!Успешен! Забавен! Обожаван од многу! Работи на најгледана ТВ во МК!

Најдобра другарка му е најголемата во МК! Секогаш дотеран! Секогаш намирисан! По неколку пати годишно оди на патувања во екстра лукс хотели …

Психолозите велат: Фрустр ираноста, потекнува од чувство на несигурност и небездедност што произлегува од чувство на неможност за исполнување на потребите!

А јас за крај ќе кажам…”Радујте се душе, ситне продане од исте сте р’џе сковане!” Наздравје!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.