Силвана Стојановиќ, вдовицата на Љубиша Стојановиќ Луис и мајка на трите деца Андреј, Сергиј и Ела Мита, јавно се обрати да побара помош од државата и другите институции, поточно да излез од нерасчистената финансиска состојба.
Додека Луис бил жив, Силвана работела како креативен директор на неговото студио и решена сама да започне нов бизнис, во 2008 година отворила градинка веднаш до нивниот семеен дом. Кога музичарот доживеа не згода која беше клучна за неговиот живот таа мораше да зат вори.
Приходите што останале не биле доволни за четиричлено семејство. Тогаш почнува нејзината бор ба, не за подобро утре, туку за еден нормален ден.
Потполното освествување започна во септември 2013 година, кога сфатив дека морам да ја затворам предучилишната установа, чиј сопственик и директор сум јас, бидејќи за две години, колку што ми требаше да излезам од емотивниот момент, бизнисот целосно падна.
– Бев соочена со нерешлив егзистенцијален проблем. Останав со три деца, без редовни примања, заеми, долгови, трошоци за одржување на домаќинството и сите основни животни потреби на мене и на моите деца.
– Тогаш животот ми стана многу лош. На крајот на 2011 година поднесов барање за семејна пензија, на која им следува на нашите малолетни деца.
– Но, имаше даночен долг на име на мојот по коен сопруг, поради што почна прошетката меѓу Пензискиот фонд и даночната управа.
– Некаде измеѓу се изгубив и го прекинав процесот по официјалниот син плик во кој го добив решението дека нема услови за пензија.
– Малку подоцна повторно почнав да ги прашувам зошто децата го наследуваат долгот на татко им и со сите напори и обиди да се дојде до решение на редовен начин доаѓам до заклучок дека тоа е невозможна мисија, вели Силвана за ,,Стори”
– Ми објаснија дека не морам да го враќам долгот ако не барам пензија, но ако се осмелам да прашам, започнувам ла вина прашања на кои нема логични одговори, бидејќи интересот на државата е пред се. Добив препорака да почекам неколку години, бидејќи можеби нешто ќе се промени во системот, можеби долгот ќе застари.
– Ми требаше малку време да сфатам како станав социјален случај. Не е лесно да го сфатите ова во вашата глава, иако сите факти укажуваа на тоа многу порано.
– Започнува комуникацијата со Секретаријатот за социјална помош и заштита. Ми доделија детски додаток за една година во износ од 10.000 динари (5.000 денари) месечно за три деца.
– Следната година имав обврска да го обновам тоа барање, но беше констатирано дека немам право на тоа, бидејќи сум сопственик на правен субјект, кој од 2014 година сè уште мирува.
И кога ги добив тие десет илјади, бев сопственик на тоа правно лице кое, докажано, нема приходи, а јас сум уште самохран родител со три деца.
Вдовицата на Љубиша Стојановиќ, Луис, многу брзо се соочи со нови проблеми, а и покрај се сè уште има убави спомени од музичарот со неговите наследници. Постариот син дури и ја чува сликата на татко му на вибер, постојано ги слуша неговите песни, а сите тројца се исклучително музички настроени и сакаат да им раскажуваат приказни за нивниот татко.