Деновиве Македонија и Балканот се завиени во снегови, дојде првиот снег во поголеми количини, зимската идила го пружа своето.
Но не за секој е убав снегот, па така тој често претставува проблем и при коловозот но и во домовите, а од оваа ситуација се изроди и бизнис.
Ова доведе до огласи за работни места за чистење снег што се појавуваат на сајтовите, објавени од сопственици на бизниси, фирми, дуќани, банки и трговски синџири и слично.
Има и такви кои нудат услуги за отстранување на снегот. Според информациите од сајтовите во соседна Србија, човекот кој ја врши оваа работа може да стигне и до плата од 25.000 динари или (13.000 македонски денари) неделна плата.
Додека некои компании плаќаат машини- чистачи за снег на час, други ангажираат работници на кои им плаќаат дневници, а индивудалните работници се во поголем број.
„Обично еден час се плаќа од 300 до 600 динари. Кога постојано паѓа снег, повеќе им се исплати на фирмите кои ангажираат поединци и им плаќаат дневници.
Студентите преку младинската задруга заработуваат околу 2.000 динари за половина смена или нешто над 3.000 динари за цела смена која обично трае околу шест часа“, објаснува Игор Антониќ за ,,МОНДО,, сопственикот на компанијата кој преку огласи бара работници за чистење на снег.
Најголем дел од огласите за работното место чистачи на снег се однесуваат на студенти и млади без постојано вработување, на кои им е потребна заработка.
„ Во голем број огласи стои дека ова е работа е за тебе доколку си млад и имаш слободно време. Тоа е затоа што е напорна физичка работа на ниски температури, која најмногу ја прифаќаат младите од 18 до 26 години, кои студираат а немаат постојани примања.
„ Оние на кои не им пречи студот и многу минусни температури, можат да работат шест или повеќе часа дневно. Има и постари мажи кои го чистат снегот бидејќи им треба дополнителна заработка, но им е потешко издржувајќи го студот“, вели сопственикот Антоновиќ.
Предраг Милинковиќ, студент од Белград, вели дека заедно со неколку колеги од Земјоделскиот факултет решил да заработи за дочекот на Новата година, со расчистување на снегот.
,, Се договоривме да го чистиме снегот седум дена и пресметавме дека ќе заработиме околу 25.000 динари.Парите планираме да ги потрошиме заедно, па ќе ги потрошиме за Нова година.
,, Немаме друга можност за заработка во моментов, не ми е многу тешко, па ги сакам зимата и снегот. Важно е да се облечам убаво, да имам топли чевли и ракавици кои не пропуштаат снег и вода“, вели Предраг Милинковиќ за ,,Мондо”
Важно е работата за чистење на снегот да се заврши како што треба, бидејќи сопственикот на ресторанот и компанијата може да ја платат ка зната доколку се покаже дека снегот и мразот не се исчистени и на некое место претставуваат опа сност.
,, Ка зната за работодавците е 25.000 динари, а за правните 50.000 динари. Покрај чистењето на снегот, се подразбира дека ќе се отстранува мразот од зградата и ќе се отстранува мразот од влезовите.
Доколку е потребно да се исчисти снегот на повеќе локации истовремено, потребно е ангажман на екипа. Овој тип на понуда може да се најде и на огласите.