Сложни соселани: Тие мислат дека се плашмиме, но ние од овде не се повлекуваме па и да не затворат

  • By admin
  • март 15, 2021
  • 0
  • 3652 Views

Последните денови вниманието на јавноста го привлекоа жители на селото Коњаре кои ги блокираа автопатот Скопје – Штип.

Жителите на Коњаре ги сопреа багерите. Компанијата Прогрес утрово почна со ископ на плодна почва, но жителите се собраа за да ги спречат. Компанијата копала на многу места во ова село каде веќе се создадени и дупки, пренесува ТВ21

„Се приближија до нашите домови. Немаме каде да одиме. Да се потпреме на ѕид. Но, изгледа ќе биде и полошо. Што значи тоа? Значи дека народот е нервозен и можат некого да ун иштат. Не можеме да излеземе на крај со вакви проблеми“, истакна жител.

Жителите се загрижени за фактот што се копа во близина на нивните куќи и постои опасност да останат и без вода за пиење.

„Ако се продолжи со вакво копање од 3 до 5 години ќе останеме без питка вода. Тринаесет години институциите не го решаваат овој проблем и оставени сме по се изгледа самите да им помогнеме на институциите преку вакви протести да ги наведат грешките на концесионерот и на работите на концесионерот“, додава жител.

Жителите пред неколку дена го блокираа автопатот Миладиновци – Штип, за што завршија во полициска станица. Според нив, тоа е притисок за да замолчат.

„Повторно ќе не испратат во полиција, ќе не ка знат и нека не затворат бидејќи ние од овде не се повлекуваме. Дојде веќе но ж до коска. Немаме каде да одиме. Ги молиме институциите нека преземат мерки да не стане полошо. Тие мислат дека се плашиме“, вели жител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.