Слободан од кочаснко кој ќе го дадеше животот за Македонија може да остане без новата куќа – му подигнале пет брзи кредити без да знае

  • By admin
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 460 Views

Животот задава многу препреки, а Слободан Ангелов од кочанско Оризари е од оние кој уште од мал ја видел другата страна на животот.

Како мал при жетва на ориз имам доживеано не згода, имам паднато од левата страна тој дел е не е мој, туку пресаден од друг човек.

– Имав сиромашно детство, исполнето со многу про блеми и немаштија, работев како измеќар уште од 13-14 години, носев и товарав вреќи на луѓето, пасев биволи, и ред други такви работи.

– Татко ми работеше во шумарството, но 1994 од таму го избркаа, се затвори, јас тогаш завршив училиште, и се падна на мој грб односно на мој терет.

– Работев буквално се, работев и во една текстилна компанија, со цел да помогнам татко ми да земе пензија, работев и во една градежна фирма,вели Слободан.

– Тој како мал незнаеше ни што е ден ни што е ноќ, работеше кај ќе го викнат, да це пи дрва, да помага при правење куќа, вели неговата мајка.

– Јас воглавно работев земјоделие, со Слободан како мал бевме цело време по болниците, јас се здобив со кила, еднаш се сеќавам жнеевме кај една госпоѓа.

– Јас со мали деца, тие пл ачат за јадење, 2.5 декари ожнеавме, завршивме и побарав да јадеме нешто, а таа се обрати на мене ,,Како не те е срам да бараш, каде работиш па и храна ќе бараш,,

– Со децата си отидов дома пла чејќи, им зготвив кашичка, но што да правам таков е мојот живот, судбина, вели во солзи мајка му.

Слобан е македонски бранител од 2001 година, доживеал многу случки и многупати живото му бил на конец, но вели дека не се двоуими и повторно да го направи истото.

– Кога настана случувањата во 2001, јас заминав најпрво во кас арната во Кочани, а од таму во Штип, а пак од таму заминавме во Умин дол, во бор бените линии.

– Животот ми беше на конец во неколку наврати, на за среќа преживеав, исто така фатив и една девојка од нашите редови која, снимаше и не предаваше на противниците.

– Дојдоа службениците, го собраа набрзина, и го одведоа не ни кажаа ни каде го водат, дури после еден месец дознав каде заминал. Дење ноќе пла чев, беше навистина тешко, вели мајка му Станка.

– Вториот пат со службениците ме зедоа и заминавме за Карпалак, бев на Карплак на тоа  место, ги чистев камјоните и го собиравме остатоците од нашите, сцени што верувам никој не би сакал да ги види.

– Од таму заминавме со екипата во тетовско, поточно Вејце и Челопек, каде исто така бев во бор бените линии,јас сум херој и гордо се борев за Македонија.

– Следната акција, беше во Ваксинце, таму бев пов реден, и се криев во еден дол, една сцена никогаш нема да ја заборавам. Во Куманово во касарната пријавиле дека не сум меѓу живите.

– Тие спремале се за мене да ме испратат од овој свет, јавиле дома на моите дека сум заминал од овој свет, замислете го тоа вие. Си го видов ков чегот со знамето врз него и моја слика.

– Јас во дупката бев скоро цел ден, тоа ми беше тоалет, престој, буквално се, неможев да излезам долго време, издржав за Македонија, вели гордо Слободан.

Како што вели за Македонија и животот би го дал, бил во првите бо рбени линии, но е раз очаран од државата, која кренала раце од него и го заборавила.

Во меѓувреме се покрана хуманитарна акција и се собираа пари за да се изгради нов дом на Слободан кој веќе е во завршна фаза.

Меѓутоа повторно радоста беше кратка откако личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, биле искористени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити.

Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите.

Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кред итите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година.

-Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари.

Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде бло кирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот.

Дознав дека има и други граѓани кои биле из мамени на ист начин, но веројатно им е ср ам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги  иско ристи луѓето во не волја, истакна Ангелов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.