Славниот Бајага откако ја прими вакцината се огласи: Се чувствувам лошо

  • By admin
  • февруари 22, 2021
  • 0
  • 1572 Views

Момчило Бајагиќ Бајага откри дека не се чувствува најдобро откако примил вакцина против коронавирусот.

Славниот музичар не даде детали за неговата моментална здравствена состојба, но кратко рече дека не се чувствува добро.

– Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакција – рече Бајага за „Курир.рс“.

Да потсетиме, Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала неодамна истакна дека ниту една од пријавените несакани реакции на вакцината досега не бара хоспитализација.

– Тоа нè уверува дека вакцините се навистина како што треба, дека односот на придобивки и ризици е неспоредливо поголем кон страната на придобивките – рече тој, додавајќи дека нема сериозни несакани ефекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.