Најверојатно сите би се согласиле дека мајчинството е најубавата работа што може да се случи во животот на една жена. Не постојат зборови со кои може да се опише како е да се биде мајка, тоа нешто не се замислува, туку само може да се почувствува.
Вообичаено, поради недостиг на средства за живот, и таткото и мајката се принудени да работат за да ги израснат своите деца. Во реалноста, не важи за сите а за тоа доказ имаме од раскажувањето на една мајка која ете баш заради своето дете не сака да прави ништо друго освен да се грижи за него.
Дали е во право или не, ќе одредите вие откако ќе ги дознаете причините за нејзината одлука.
„Уште од најрани години, кога бев мало девојче знаев дека сакам да бидам мајка и дека многу ќе се грижам за моите деца. Можеби големата желба ми беше од тоа што цело време си играв со кукли во улога на мајка.
Тоа ми стана навика и кога не бев со моите кукли секогаш се чувствував таж но и дури депре сивно. И покрај тоа што бев опкружена со луѓето кои ги сакам и ме сакаат, јас некако се чувствував празно, како нешто да ми недостасува.
Многу време помина дури да сфатам што ми недостасувало. Дури и кога го запознав сегашниот сопруг, кога бев до уши заљубена во него се случувало да се чувствувам осамена во негово друштво.
Пораснав со родители, имав убав живот, завршив факултет , имав добра работа, кариера, но мене нешто ми фалеше. Покрај толку прекрасен човек до мене немаше за што да се пожалам.
Понекогаш си се лутев на себе поради тоа што бев неблагодарна и се чувствував празно. Дури сега, кога станав мајка на еден прекрасен син сфатив дека цел живот него сум го чекала.
Некои ми се потсмеваат на искуството, но не знам, само таа што била родила дете во животот знае како се чувствувам. Штом го здогледав неговото мало, преслатко лице со едвај подотворени очи го добив чувството на исполнетост и среќа.
Тогаш конечно се ослободив од напнато ста. Ми внесе радост во животот како никогаш досега. Ме принуди да донесам одлука која ретко кој ја носи – дадов отказ од работа и комплетно се посветив на мојата фамилија и не се каам за тоа од неколку причини.
Конечно се наоѓам во фаза на животот кога сум среќна и исполнета и сакам да уживам во тоа, празнината веќе не ја чувствувам. Многу од пријателките ме осу дуваат поради мојот сегашен начин на живот затоа што сметаат дека сум направила грешка со тоа што сум го запоставила мојот живот и сум се посветила само на синот.
Се не рвираат бидејќи веќе не одам со нив по кафулиња, туку се шетам само со синот. Веќе не се дружам со нив за оговарање на другите туку зборувам само за детето. Безброј пати ми рекле дека не треба вака да живеам и дека не е исправно, но не можам да се откажам од мојата одлука.
Тоа што тие не го сфаќаат е дека јас не се одреков од тоа што ми треба, туку го прифатив тоа што ми треба и на коешто јас му требам – мојот син. Пари секогаш фалат, па и сега, но досега добро се држиме со сопругот.
Сметам дека среќата е многу поважна од сè останато, особено од кариерата. Секоја мајка треба да живее онака како што мисли дека е најдобро. Ако смета дека треба да продолжи со кариерата, слободно има право на тоа, ако сака да биде домаќинка, повторно има право на избор.
Мојот избор вече е прифатен и од сопругот и немам никаков проблем. Јасно ми е дека не секоја мајка или татко може тукутака да се откаже од примањата и да седи дома да чува дете, но јас имав можност за тоа и кога ете можам да си го живеам животот што го сакам и да си го воспитувам детето никој нема право да ми се меша“.
Мора да признаеме дека оваа жена донела суштинска одлука во животот и се надеваме дека ќе продолжи да ужива во среќата се дури не дојде ден кога ќе мора да тргне пак на работа. Сепак, децата не остануваат со родителите цел живот, па дали ќе биде така само времето ќе покаже.