Скопјанецот Гоце сведочи што го натерало да даде отказ и да замине во Германија со семејството

  • By admin
  • февруари 22, 2021
  • 0
  • 1182 Views

Голем број Македонци се селат од нашатата држава, а најчеста дестинација е Германија. Еден таков пример е Гоце кој реши за Слободен Печат да раскаже.

Меѓу тие што се иселија и се откажаа од македонско државјанство и својот подобар живот го најдоа во Франкфурт, Германија, е и скопјанецот Гоце Стојановски, по професија автомеханичар.

Тој со своето четиричлено семејство пред четири години ја напуштил Македонија, а од пред три години е државјанин на Германија.

– Додека живеевме во Скопје, со години работев во автосервис. Никогаш не ни помислив дека на свои 45 години живот ќе заминам да работам во странство. Бев на работна обука во Германија, многу ми се допадна земјата.

Додека престојував, таму се запознав со Македонци што работат во голем автосервис. Низ разговор дознав дека може да работам привремено кај нив. По завршување на обуката, останав уште два месеца во Германија.

За тој период заработив колку што заработував во Скопје за четири-пет месеци. Кога се вратив во Македонија, не се мислев многу. И јас и сопругата дадовме отказ од работа и заминавме во Германија – вели Стојановски.

Откако добиле право на престој, си ги зеле со себе и децата, вели Гоце.

– Моравме да одиме на курс по германски јазик. Кога и таа пречка ја совладавме, поднесовме барање и добивме германско државјанство. Во старата татковина ни остана имот, кој уште го имаме. Поради пандемијава само еднаш бевме во Македонија на викенд за да се видиме со родителите – вели Стојановски.

Целата сторија може да ја проследите на Слободен печат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.