Есма Реџепова, кралицата на ромската музика и македонски амбасадор ширум светот остави значаен белег кој треба да се негува.
Таа пред се беше голем човек, хуманист кој помагаше на секаде каде ќе беше потребно, но сега сведоцит сме што се случува со нејзиното дело и тоа што е оставено од неа.
Во медиумите често се огласува нејзиниот син, се дискутира за нејзиното наследство како и за тоа што остана после заминувањето на Есма.
Од неодамна се огласи и адвокатакта на семејстовот на Есма која откри детали за нејзе и за нејзиниот неплатен болнички третман.
По ова нејзино излагање денеска своја исповест имаше и синот Симеон Атанасов кој пред камерите на Бекстејџ откри за што станува збор, колкаво е нејзиното богатство и која и била желбата која не и ја оствариле.
– Точно е дека сметката не е платена, јас се понудив да платам дел од тоа, како и што го платив погребот, но истиот ден кога таа замина во вечноста се случија неверојатни работи, вели Атанасов.
– Се појавија индикации дека Реџепови ќе ги оспорат и двата тестаменти кои ги остави Есма. Јас во конслутација со моите адвокати одлучиве да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите.
– Јас ја користам приликата и јавно кажувам доколку Реџепови се откажат од овој спор и го предадат музејот на Министерство за Култура јас јас долгот ќе го покријам.
– Но неможам да дозволам едни Реџепови кои немаат допринесено ниту една цигла кон тој музеј да бараат наследство а наследството вреди некој си 2.000.000 евра, вели Симеон пред камерите на ,,Бекстејџ”
– Кога зборуваме за обреди да напоменам дека последната желба на Есма беше да се кремира, воопшто да не се закопува, меѓутоа и таа желба не и е исполнета.
– Еден од семејството Реџепови неколку дена по заминувањето на другиот свет на Есма ме натера да одиме на нотар и да му го препишам гро бното место на него само затоа што не сум го несел презимето Реџепов.