Синот на Есма емотивно, си кажа што му лежи на срце: Мајко моја вашиот патриотизам ве врати во Македонија

  • By admin
  • декември 11, 2021
  • 0
  • 549 Views

Симеон Атанасов, синот на Есма често знае да се огласи во медиумите или на социјалните мрежи и да проговори за кралицата на ромската музика.

Така беше неодамна кога Атанасов се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:

Господо од “власта”. Штотуку го одгледав филмот посветен на легендата Тома Здравковиќ.Секоја чест на целата екипа предводена од маестралниот Бјелогрлиќ.

Уште еднаш власта од Србија покажа колку си ги почитува своите уметници.Ова ме потсетува на времето кога на Есма и Стево Теодосиевски во 1990 година, тогашната власт им велеше:

“Останете во Белград,ние ќе ви изградиме музеј каде што ќе посакате.

“Но,Стево Теодосиевски беше голем патриот и сакаше целото свое творештво да го остави на Македонија. Жално и срамно! Господо од “власта” освестете се.

Врвни уметници ви оставија готов објект кој што беше спремен за музеј, и додека вие се мислите,се пропадна, се фрли во вода долгогодишна работа на Есма и Стево Теодосиевски.

Што се однесува за филм, секоја чест на сите уметници, но убеден сум дека ни еден нема приказна во која стои дека едно мало ромско девојче кое чистело скали, за да има пари да оди на кино и куклен театар.

Почнува да пее прв пат на свој мајчин јазик, го запознава својот ментор, иден сопруг, основање на ансамблот, селење во Белград бидејќи се забранети во ТВ СКОПЈЕ.

Правење светска кариера, многубројни награди, а што е најважно единствени кои што изчуваа, школуваа преку 40 деца.

Ова е само дел од историјата на Есма и Стево Теодосиевски. Јас нема да престанам, ќе се борам овие две имиња да не се заборават, не само што се отвори спомен соба во Брисел, истата егзибиција ќе патува низ цела Европа.

Секако ако не може тука,ќе направиме филм некаде каде што многу повеќе ги почитуваат овие двајца великани.

Симеон се огласи и денес, доста емотивно кога се одбележува пет години бес Есма и напиша:

Mајко моја, Изминаа пет години откако те нема. Имавте една прекрасна идеја, да оставите нешто што ќе биде поттик за младата генерација, но за жал едни обични луѓе, кои што немаат врска што е уметник, творештво и сл., ги оспоруваат вашите желби.

Но,она што е најтра гично е фактот дека и сегашната власт не ја почитува вашата желба. Можеби ќе беше подобро да останевте во Белград, каде што ве молеа да ви изградат музеј, каде и да посакавте, но ете вашиот патриотизам ве врати во Македонија, од каде и бевте избркани, само поради тоа што пеевте на ромски јазик, и ти беше само една “ЦИГАНКА”.

Тр агично е ова што се случува, но јас се уште имам сила да се борам! По чивај во мир мајко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.