Си замина Александар Рахимовски – Аки, човек со глас кој се препознава меѓу илјадници други. Малкумина имаат таква дарба да бидат препознаени, слушани и сакани, како што тоа беше Аки со групата „Парни Ваљак“ кои твореа заедно повеќе од три децении.
Уште една музичка ѕвезда замина во легендите. Тивко, во Словенија, ненадејно поч ина скопјанецот и еден од најголемите вокали на балканските простори Аки Рахимовски.
Рахимовски го предводеше „Парни ваљак“ повеќе од 45 години. Тој е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.
По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.
Фронтменот Рахимовски, со „Парни Ваљак“ со децении ги освојуваше срцата на публиката, со оваа група сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж, со огромен број концерти во поранешна југославија и надвор од земјата.
Аки велеше дека Македонија му беше како втора татковина и често беше гостин во нашата земја. Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената.
Кристијан Кики Рахимовски (40), музичар кој на Балканот е познат не само по тоа што е син на Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни Ваљак“, туку својот талент и трудољубивост успеа да се наметне во музички кругови и да излезе од татковиот сенка.
Кога Кики имал три години, Аки ги оставил него и мајка му. Во текот на претходните години честопати во јавноста ги спомнуваше конф ликтите што се случувале меѓу нив двајца низ годините,
Но кажа дека претходните неколку години успеале да ги надминат несогласувањата и дека дури извесен период живееле заедно.
За мене, очигледно, првиот контакт со музиката беше патот кој ми беше генетски впишан, па во тоа време се пријавив и за часови по дајре, а подоцна и гитара..
– Јас и тато никогаш не сме биле во кон фликт, сме се расправале за многу други работи. Со оглед на неговиот начин на живот, беше тешко да се изгради добар семеен однос.
– Го обви нував татко ми што им дава повеќе на другите отколку на своето семејство, затоа што таму беше најпотребен.
Како што одминуваше времето, јас го прифатив таков каков што беше и почнав да градам врска во која би можеле да функционираме, а тоа е преку музиката.
Беше исклучително добар човек, многу го сакав, но за себе и за моите најблиски – беше малку „послаб“. Давал колку што можел и знаел. Го прифатив тоа и го сакав без разлика на се. Беше исклучително горд на мене.
– Баба ми е исклучително витална на 87 години. Односот со моето семејство ми е многу важен бидејќи тие се мојот столб.
– Откако се разведоа моите родители, пораснав со семејството на мајка ми, така што имав помалку контакти со работата на татко ми.
– Посакувам да беше поинаку, но никогаш не е доцна да се поврзете со семејството. Кога дојдов во Македонија по 35 години, запознав пошироко семејство кое цело време ме придружуваше мене и моите песни – тие знаеја многу за мене, а јас знаев толку малку за нив.
– Кога поминувавме време заедно, имав чувство дека ги познавам цел живот. Начинот и љубовта што ме прегрнаа таа вечер ми беше толку емотивен што плачев пред нив. Не можам да го опишам, но всушност можам да кажам дека на некој начин моето срце е цело сега, вели тој за ,,Курир. рс”