Синот на Аки како да претчувствувал – менаџерот Дамир проговори што му кажал

  • By admin
  • јануари 22, 2022
  • 0
  • 342 Views

Денес регионот, како и Македонија ја обиколи веста за заминувањето од овој свет на познатиот пејач Аки Рахимовски на 67 годишна возраст.

Дамир Осредечки, менаџер на Аки за хрватските медиуми откри дека Рахимовски поч инал во Ново Место, Словенија.

Причината за преселбата од Хрватска во Словенија беше Барбара Весел, 27 години помладата партнерка на музичарот, со која пред три години ја добија ќерката Антонија, на која Аки целосно и се посветил.

За Барбара малку се знаеше во јавност. Живеела во Ново Место и по професија била здравствен техничар. Исто така, до пред раѓањето на ќерката, таа имала кафуле во Ново Место, кое потоа го затворила и се посветила на мајчинството.

Врската со неа, и тоа што Рахимовски стана татко на 64 години, беше изненадување за јавноста, бидејќи тој постојано раскажуваше дека живее во љубов со Ингрид, која беше негова втора сопруга и со која беа во брак околу 40 години.

Кога се разделил од Ингрид, со која ја имаат ќерката Едина, и дали Барбара била причината за разделбата, Рахимовски никогаш не откри, но последните години од животот ги помина со неа, во семејна куќа во која живеела и нејзината мајка Розалија.

Од првиот брак пак, Аки го има синот Кристијан, кој исто така е музичар. И покрај тоа што во хрватските медиуми често се пишуваше за несогласувањата помеѓу Кристијан и Аки, тој во минатото изјави дека сепак Кристијан е негова од која не може да побегне.

Кристијан Рахимовски синот на Аки Рахимовски, последниве денови имал претчувство дека здравјето на татко му се вло шува. Менаџерот Дамир Осредечки и тој дознале дека Аки се упо коил нешто после 13 часот, пренесоа од „ЈутарњиЛист“.

Менаџерот пренесе до јавноста дека синот мошне теш ко ја примил веста.

„Кристијан многу ло шо се чувствува и не е во состојба да разговара. Секој ден се слушаа со Аки и пред три дена ми рече дека му е стр ав за татко му, затоа што гледаше дека не му е добро“ – вели Дамир.

Неговиот менаџер за јавноста кажа дека причината за наглото вло шување на здравјето денес, наводно е поради срцето, затоа што Аки имал вградени шест стента.

Кога изутринава му се влош ила состојбата, бил веднаш хоспитализиран, но по неколку часа, за Аки не издржал.

Веста ја пренесоа сите балкански медиуми, а на официјалната фејсбук страница на бендот „Парни Ваљак“ осамна црнобела фотографија на Аки со последен поздрав и стих од песна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.