Симиќ пред Шпанија: Ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе

  • By admin
  • ноември 25, 2021
  • 0
  • 249 Views

Најмладиот кошаркар во актуелниот ростер Теодор Симиќ, кој ги брани боите на Барселона истакна дека овој национален тим нема да се предаде и покрај сите пречки со кои се соочува и отсуствата на важни играчи.

„Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање“- изјави Симиќ на појавувањето пред медиумите.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок со почеток од 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Новиот капитен на националниот тим, Бојан Крстевски, е свесен кого ќе имаат против себе, но најавува голема борбеност, без предавање однапред.

„Имавме пократок временски период за тренирање за разлика од летото и нешто поизменета екипа од претквалификациите. Не сме комплетни, но тоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имавме и со кое располагаме. На нас е да излеземе на терен, максимално ангажирани и борбени и да ги исполниме задачите на селекторот, како и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние нема однапред да ѝ се предадеме“, изјави Крстевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.