Вчерашната одлука на Српската православна црква за признавање на Македонската православна црква – ОА за автокефална е историска и значи окончување на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
Вчера во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, српскиот патријарх Порфириј информираше за одлуката на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) дека прифаќа МПЦ-ОА да стане автокефална и да биде примена во редот на признати Православни цркви.
На Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, 24 мај 2022, во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, српскиот патријарх г.г. Порфириј го објави благословот на барањето на МПЦ-ОА за автокефалност, на заедничкото сослужување со архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.
– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архијерејски собор на Српската православна црква едногласно излезе во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,
Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува автокефалноста на МПЦ-ОА – рече српскиот патријарх Порфириј пред достоинствениците на МПЦ-ОА, присутните достоинственици од СПЦ и верниците на литургијата во Соборниот храм во Скопје.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ посочи дека шизмата многу години било во фокусот на Патријаршијата, но по „апелациското прибегнување (еклитон) на таа црква кон мајката црква, која според одлуката на четвртиот екуменски собор на Халкидон го има ова неотуѓиво право да одлучува за такви случаи на највисоко ниво“, била отстранета шизмата.
Симеон Атанасов е едно 47 – те од деца кои ги одгледа Есма Реџепова – Теодосиевска, а се до крајот на нејзиниот живот и беше нејзин менаџер.
Атанасков кој е музичарот и композитор вчера на својот профил на фејсбук се огласи за темата признавање на црквата и притоа кажа:
Добро бре луѓе, зарем не ви е мерак што денес на овој голем ден кога се прославува нашиот јазик, се признава нашата црква, нашата вера, Патријархот Порфириј во Скопје објави: СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА
Знаете што, се мислам дали воопшто вреди да имам речиси 3000 пријатели на фб, хм по се изгледа не треба. Затоа што многумина од вас не сте вистински Православци.