Силвана од Куманово со 3-годишната ќеркичка оставени сами на себе: Луѓе не ми веруваат дека е моја

  • By admin
  • јануари 23, 2022
  • 0
  • 552 Views

Силвана Јовановска е самохрана мајка од Куманово на 3 годишно девојче. Без работа, без никакви месечни приходи и помош од државата, таа бара каква било помош.

Вели дека вратите и се отворени за секаква помош, но дека најмногу и треба уредување на бањата која нема ни минимални услови. До сега неколку пати стигнала помош, но тоа не е доволно за живот.

„Луѓе ми помогнаа да го направам ова каде што живеам сега. Претходно немав ниту врати ниту прозори. Сега ми е потребна помош, да си го направам ходникот и купатилото кое ми е многу неопходно.

Јовановска е разведена, а бидејќи процедурата за развод е скапа таа не може да започне постапка за развод.

Тоа е и причината зошто не може да добие социјална помош која ја зема мажот и, вели таа. Бидејќи нема кој да и ја чува ќерката, таа не може да работи, а градинка н е може да си дозволи.

Социјално јас не зимам бидејќи тоа оди кај сопругото со кој што не живееме. Сакам да работам, чистачка ли, што и да било. Не сум учена којзнае колку, основно. Но нема кој да ми ја чува ќерката, а за градинка немам пари.

Нејзиното семејство не живее блиску за да и помогне. Вели дека кажуваат пре драсуди дека ла жи ја зло употребува ситуацијата и ќерка и.

„Од семејството на маж ми немам никаква помош, како ни од моето семејство каде што исто така се разведени. Од никој немам помош. Некои не ми веруваат, мислат дека измислувам, не ми веруваат дека ќерками не е моја, изјави Силвана за ТВ 21 каде во целост со видео прилог може да ја проследите сторијата.

Поради неплатени сметки, може да остане и без електрична енергија, а и без храна, оваа мајка бара помош од секого кој е во можност да и помогне и барем малку да и ја врати насмевката на лицето на ќеркичката.

Број за контакт: 078 652 784

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.