Силвана Бонева: Признаа дека погрешно утврдиле помал број поминати километри со моето возило

  • By admin
  • март 4, 2021
  • 0
  • 1683 Views

Силвана Бонева, екс пратеничкатата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ против која беше поднесен обвинителен акт во врска со фискалните сметки кои ги приложувала за надомест на патни трошоци и се товари за незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6 458 551 денари, вели дека сепак, вештакот на СЈО направил грешка.

Поради тоа, судијата дал пауза на која тој уште еднаш ќе го пресмета точниот број на поминати километри.

-Вештакот на СЈО призна дека погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило, што е идентичен со погрешно утврдените километри на СЈО, објавени од обвинителката Фатиме Фетаи 7 месеци пред тој да биде ангажиран како вештак!

На денешното рочиште што туку што заврши, се потврди дека вештакот на обвинителството изготвил еднострано вештачење, анализирајќи ги само податоците што му ги дале од СЈО, а воопшто не земајќи ги во вид моите докази, како што се доказите за извор на средства за исплата на станот, доказите за живеење во Струмица, доказите за моето континуирано патување на релација Струмица – Скопје – Струмица, како и доказите за потребата од користење на други две возила кога моето беше на поправка по 9-те сообраќајки или кога не можев да возам заради здравствени причини – појаснува Бонева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.