Александар Темелков за многумина на музичката сцена веќе е познато име. Имено, тој пред неколку години во своето прво појавувае во „Ѕвездите на Гранд“ привлече внимание.
Тогаш Темелков излезе на сцената и ja отпеа песната „Кило горе, кило доле“ и се приблжи на Карлеуша која го крена Македонецот и го врати назад на средина на сцената.
Александар во таа сезона на музичкото шоу остави впечаток и беше препознатлив, но не успеа да оствари некој успех.
Меѓутоа, не се откажува, па затоа минатата година повторно да се врати на добро познатата сцена и повторно да направи вистинско шоу.
Темелков успеа да ја крене Јелена Карлеуша во раце, а Шерифовиќ довикуваше: „Браво кралу, браво“.
„Роден сум во Велес за прв пат сум запеал на 2 годишна возраст. Првиот јавен настап ми е на 7 годишна возраст, на концерт на оперскиот пејач Борис Трајанов.
Во 2009 година се натпреварував на Мк Талент ,емисија која што ја водеше Драган Вучиќ и бев финалист со само 9 години во овој натпревар. На ова шоу пред се Македонската публика ме запозна.
Подоцна ме запозна и публиката на балканот со учеството во Ѕвездите на гранд. Мојата кариера ја започнав во 2019 година и ја снимив својата прва песна Жта Тиквешка пред се оваа песна ја снимив заради тоа што студирам на Универзитетот Гоце Делчев Штип на оддел на Енологија.
И понатаму активно почнав да снимам нови песни . Сине мој ангел мој , Љубов моја, Ќе се женам јас , Само моја ,Мало лево мало десно и Ах мори Магде.
Ах мори Магде е мојата најнова песна која што очекувам да стане голем хит.Автор на текстот е Ангела Стрезоска. Музика и аранжман Славко Ристески. Видео, Ин продукција.
Во наредниот период се надевам дека ќе успеам да го реализирам мојот прв албум. И да направам голема промоција и концерт во Дом на АРМ
Ова лето имав доста настапи во Македонија, но и во Германија. Приватно сум фокусиран на факултетот и кариерата, изјави Аце за Кластер.мк
Песната како и спотот за нејзе може да ги погледнете тука.