Се активира ТЕЦ Неготино по 12 години

  • By admin
  • ноември 27, 2021
  • 0
  • 478 Views

По речиси 12 години ќе се активира ТЕЦ Неготино – Владата даде зелено светло комбинатот да стартува со работа, поради енергетската криза. ЕСМ ќе набавува мазут за потребите на комбинатот.

Првиот човек на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ за ТВ24 вели комбинатот е редовно одржуван и веднаш штом се набави мазут може да почне со работа. Во моментов имаме резерви но тие, според Стојановиќ се доволни за само неколку недели.

„ТЕЦ Неготино е во техничко исправна ссотојба, што значи редовно одржуван и правени ладни проби и профилактика“ – вели Стојановиќ.

Според надлежните со сегашната регулирана цена на мазутот, производната цена на ТЕЦ Неготино доколку работи со еден котел ќе изнесува околу 175 eвра/мегават-час, додека ако работи со два котли ќе изнесува околу 150 eвра/мегават-час.

Според првиот човек на Стопанската комора за енергетика сегашното активирање на ТЕЦ Неготино е задоцнето. Вели поисплатливо е да се купува струја – а не мазут.

„Тоа е централа која се планира или се планирало да работи на гас. Самото активирање на гасот во термоцентралата ќе добиеме прво повеќе мегавати, второ ќе имаме пониска цена на чинење, а трето економски поисплатливо ќе биде таа термоцентрала доколку биде на гас“ – вели Ѓорги Манасков – Стопанска комора за енергетика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.