Семејството Николовски проговори за големиот потег на Трифун Костовски со кој ја спасиле нивната ќерка

  • By admin
  • март 27, 2021
  • 0
  • 816 Views

Познатиот бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски е докажан помагател и голем хуманист. Тој има помогнато на многу луѓе и организации, а за дел од нив и не се знае јавно.

Еден таков потег исплива на површина многу години подоцна, а беше споделен на фејсбук страницата на Трифун:

Почитуван Г-дине Трифун Костовски. Следејќи ги актуелните состојби на социјалните мрежи и реакциите на многумина, не натера да се потсетиме за Вашите квалитети како хуман и благороден човек.

Кога ќе се спомне Трифун, најпрво ни се будат спомени за нашите дружби, гитари и песни низ времето. Пријателство кое нема крај.
Ние всушност сме семејство од Скопје кое во далечната 1994 година имаше здравствени проблеми со својата четири годишна ќерка.

За еден месец нашите доктори не можеа да постават дијагноза, а здравствената состојба се влошуваше се повеќе. Како родители бевме подготвени да сториме се. Но, требаше да се соберат многу средства, за што беше потребно повеќе време, а состојбата беше таква што мораше итно да се реагира.

За наша голема среќа Трифун тогаш работеше во Виена. Разговаравме со него, му ја објаснивме тешката ситуација, по што тој веднаш организираше сè што е потребно за нашата ќерка итно да биде префрлена во болница во Виена.

Бидејќи беше без дијагноза не можеше да ја префрлат во ниту една специјализирана клиника, затоа ја сместија на детска интензивна нега во општата болница.

За транспортот од Скопје до Виена исто така се погрижи Г-динот Трифун. Беше организиран санитетски авион во придружба со доктор и медицинска сестра од Виена.

Лекувањето таму траеше седум недели, успешно се заврши и по неколку контроли нашата ќерка беше излечена. Ретки се вакви луѓе, кои имаат за себе, но делат и со другите.

Ваквите вредности кај луѓето никогаш не се губат, затоа и не се забораваат. Големината на човештвото не е да се биде човек, туку да се биде хуман! – Махатма Ганди Со почит,Семејство Николовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.