Минатата година Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и фамилијата живееше во Дојран, беше жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти.
Воедно ова беше прва трансплантација на срце во историјата на Македонија.
Веста за случајот предизвика многуемоции кај целата нација. Блиски пријатели и роднини на Емилија, која се пресели на другиот свет на социјалите мрежи се простуваа со неа, со емотивни пораки во кои се помешани та гата но и гордоста што се испиша историја во нашето здравство.
Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски.
Познатиот македонски актерот и стенд-ап комичар, Бојан Велевски сподели линк од вест со наслов:
„Ова што го живееме се си мислам дека е некој лош кош марен сон – Семејството на донорот Емилија Динева заборавено, во тага, оч ај и сиромаштија“.
Велевски над линкот во истата објава напиша краток текст во кој што вели:
Го читав во еден здив! Ст рашна е судбината, но уште потешка состојбата на семејството Диневи! Емилија Динева, не среќно го заг уби животот минатата година, а семејството го донираше срцето.
Денес, тие се заборавени од надлежните!Апел до локалните бизнисмени од областа на Дојран, Гевгелија, Струмица, Богданци, луѓево се без работа и оставени сами на себе, изма нипулирани! Помогнете! Не бараат милостина, бараат работа!