Семејството Белчовски треба да добиваат една пратеничка плата доживотно – вели пастор Филип Иванов

  • By admin
  • април 18, 2021
  • 0
  • 11988 Views

Жителите на беровското село Русиново денеска се собраа да ѝ одадат почит на младата девојка Верица Белчовска и да изразат признание за огромната хуманост зашто сега нејзиното срце чука во телото на момче од Брвеница, а бубрезите им дадоа живот на уште две лица кои долго време беа на дијализа.

Од општина Берово најавија седница за поддршка на семејството Белчовски.

Жителите се едногласни дека хуманоста на сиромашното и чесно семејство, која на ваков начин со дарување на органи беше покажана на дело, треба и институционално да биде наградена.

Донациите секако не можат да ја надоместат загубата на семејството, но и порано требаше да им се помогне зашто водеа бо рба за обична егзистенција, велат жителите.

Пастор Филип Иванов кој е докажан и голем хуманитарец на социјалните мрежи упати еден убав предлог, па на својот профил на фејсбуку напиша:

Според мене, семејствата на донорите на органи, како семејството Белчовски, во најмала рака треба да добиваат една пратеничка плата доживотно.

Ако може пратениците кои оделе или не оделе на работа да земаат баснословни суми за плати, патни трошоци и што ли уште не, сметам дека луѓето кои во најголемата своја бол ка наоѓаат сили да направат таков чин на хуманост, кој де факто спасува неколку животи, заслужуваат барем толку, ако не и многу повеќе.

За разлика од случајот со политичарите, ниту еден од нас не ќе има проблем со тоа нашите пари да се користат така.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.