Седумчлено семејство од Скопје остана без кров над глава и се што имаа: Моли за помош

  • By admin
  • март 20, 2021
  • 0
  • 1660 Views

Скопјенецот Нејази Имери го собира она што остана од опожар ената куќа. Пред неколку дена, нешто пред полноќ пож ар ја зафати куќата на семејството Имери.

Во трособната куќа беа 7-те члена на семејството, но за среќа во моментот на не среќата биле будни и не се здобиле со по вреди. Но, останаа без кров над глава. Домаќинот вели дека целиот труд кој го вложил со години, го снемало за само една ноќ.

„Ја видовте и самите штет ата. За да санираме потребни се 6-7 или дури 10 илјади евра. Не можам сам да го сторам тоа. Каде да најдам 10 илјади евра, кога пензија земам само 10 илјади денари?

Што мислиш дали може со овие пари да се санира? Дали да купуваш храна и да ги плаќаш сметките или да градиш куќа… Отиде мојот 70-годишен труд. И ова ме снајде мене. Што да правам…“, истакна Нејази Имери.

Нејази бара помош од државата и граѓаните, бидејќи како што раскажува, нема каде да оди со семејството.

„Тука не се живее, немаме ниту облека. Тука престојуваме, имаме две соби горе, но седуммина сме, тесно е. Што да се прави….“, посочи Нејази Имери.

Семејството Имери живее во Чаир. Нејази и неговото семејство бараат од хуманите луѓе да им излезат во пресрет за да ја санираат куќата.

Сѐ што имаше во куќата отиде. Единствените приходи на ова семејство се 10-те илјади денари пензија на Нејази.

Доколку декој сака да помогне тоа може да го стори со контакт на бројот на семејството: 071 210 376, пренесува ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.