СДСМ заминува во историјата – Заев по името на државата, го менува и името на партијата

  • By admin
  • март 2, 2021
  • 0
  • 2656 Views

Денес пред медиумите лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека името на партијата се уште не е сменето поради пречките од пандемијата.

– Откако почна пандемијата досега одржавме само еден онлајн конгрес – вели Заев.

Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.

– Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор – рече Заев.

Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.

Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.