Во Никинци кај Рума, семејството Ранитовиќ ја одгледува, покрај најлутата, најмалата и најскапата пиперка што постои во светот а која ја заинтересираше јавноста.
„Мајка на чилито“ – како што ја нарекуваат, потекнува од Јужна Америка, никнува и расте бавно, а полн плод добива само на високи температури.
Плодот со големина од 6 милиметри има максимална тежина од половина грам. Високите температури придонесуваат за одгледување на некои култури, особено, велат земјоделците, лутите пиперки.
„Најмалата пиперка на светот се вика „ај чарапита“, инаку е и најскапа. На светскиот пазар цената за килограм оди и до 20.000 евра, лесно се одгледува.
Нема никакви проблеми, само што е толку мал, многу е потребно време и многу е заморно кога треба да се берат“, вели Светлана Глигориќ Ранитовиќ.
Светлана на почетокот купувала семе во странство, а најголемата инвестиција била стаклена градина. Овие растенија се отпорни на б олести, не се прскаат со хемика лии, само им треба многу топлина и вода.
„Четири-пет години одгледувам лути пиперки, решив да го сторам тоа затоа што нешто треба да се работи. Во Србија ги нема многу, само неколку ги одгледуваат и се многу интересни.
Таа игра на бои, форми, пикантност секогаш ја имате, со нив можете многу да направите и да заработите пари.Имам преку 80 различни видови, тоа се растенија од топли предели, од Бразил, од Мексико, но и тука успеваат“, вели Светлана.
Во Срем расте и „Каролина рипер“, најлутата пиперка во светот која има околу два милиони мешунки, 100 пати повеќе од локалните феферони.
Овие плодови се здрави, но само кога се користат во мали количини. Се берат до октомври, а зимата најчесто ја дочекуваат во тегли.