Навистина ме чуди кога некој млад работоспособен човек , маж или жена, ќе ми каже дека сака да остане во Македонија и да заработува за да „преживее“.
Кога бев млада, можеби во раните 20ти години, ниту јас не помислував на странство. Сакав да си имам мирен живот овде заедно со моето семејство, моите деца кои планирав да ги имам.
Не одев на факултет и почнав да работам по конфекции и фабрики уште откако станав полнолетна. Сега имам 30 години, разведена сум, со едно мало дете.
Секогаш на почетокот се изгледа како од бајка. Имате работа, какви такви примања, имате стабилна врска и се што посакувате за иднината е да основате семејство и да се радувате на деца.
Мислев дека се ми оди по планираното, навистина се земавме со поранешниот сопруг, бевме среќни и добивме дете. Имав 21 година тогаш и можеби не го сфаќав животот толку сериозно.
Се грижев само за детето и за сопругот, но судбината реши да си поигра со нас на најло шиот можен начин. Син ми уште ни во градинка не го испратив кога случајно дознав дека сопругот ме изневер увал.
Само тој што го преживеал знае како е, сакав да бидам храбра и после некое време се разделив од него. Тоа ми беше најправилната одлука која ја донесов.
Арно ама, и покрај договорот не сака да плаќа пари за него, и така си го растев сама толку години. Работам во фабрика за минималец и едвај крпиме крај со крај.
Моите се пензионери, ми помагаат, ама не можам од нив да чекам цело време. Теш ко е сам да растеш дете, покрај основните трошоци за дома, скоро половина плата ми оди на него.
Работам во смени, некогаш и сам го оставам дома, ама немам чаре. Каде и да сменам работа платата е толку, не даваат повеќе.
Дури застанавме на свои нозе, најдов стан, дигнав кредит за да го исплатам и се уште го враќам. Немам настрана ништо заштедено, не дека не сакам туку едноставно не можам, како расте детето така и трошоците ми стануваат поголеми.
Гледам цело време младината се иселува одовде, бараат работа во странство за повисока плата. Камо јас да бев без дете, да можев веднаш ќе заминев во Германија или Америка.
Но, немам, за што попрво? Дали рата за кредит да платам или да правам документи за двајцата, да купувам авионски карти..Со инфалцијава сега и цените на храната отидоа до плафон.
Тешко е да се преживее, а не сакам дополнителни стре сови да му правам на детето. Сама мајка со дете тешко е да започне живот во странство, но немам никакво решение.
Само да имам малку повеќе пари, веднаш би купила авионски карти за да заминеме макар и преку океан. Сакам детето да ми порасне во средина каде се ценат вистинските вредности, а не како овде. Се е изгубено, се е продадено и не знам како би продолжиле.
Обработил: А.Л. Фото: Илустрација
Авторски текст кој не смее да биде преземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк