Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и нивните истражувања дефинитивно се вистинско освежување на медиумскиот простор во Македонија.
Сториите кои што ги објавуваат, една по една привлекува се поголемое внимание и простор во јавноста, а има и зошто. Убаво срочено, поткрепено со докази и детални истражувања.
Особено големо внимание привлече неодамна сторијата за Жан Митрев по која и надлежните институции се пробуија и започнаа со истрага.
На челот на овој проект стои главната и одговорна уредничка Сашка Цветковска, долгогодишна искусна и етаблирана македонска новинарка.
Цветковска се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели еден момент кој сите во редакцијата позитивно го примиле.Денеска во ИРЛ ни пристигна првата мала донација од граѓани, најпрвата од Штип.
Драг граѓанин, еден учител кој живее скромно и на кредити ни ја испрати уплатницата и ни кажа дека многу ја цени нашата работа и сакал да ја поддржи нашата работа.
Не можам да опишам колку бевме сите тр огнати. Ова е нов импулс, нов мотив дека граѓаните веруваат и поддржуваат вистински вредности во медиумите и квалитетни информации.
Ова не натера да размислуваме колку е важно граѓаните да ги поддржат медиумите, дека малите донации во иднината имаат огромен потенцијал да одиграат важна општествена улога.
И да им ги вратат медиумите на оние за кои постојат, да си ги вратат во свои раце. Граѓаните се помоќни од профитот. Чичко Владо, никогаш нема да ве заборавиме.