Самохраната мајка Елизабета од Велес низ солзи: Тешко ми е да ги одвојувам децата од безгрижното детство

  • By klaster3
  • јули 10, 2022
  • 0
  • 476 Views

Елизабета Јовановска е млада самохрана мајка на три деца од Велес која немала среќа да живее во среќно семејство, ниту пак да создаде сложно семејтво.

Во детството се соочувала со психичк о малтрети рње од татко алко холичар, а во младоста доживеала реприза од сопругот, па по раѓањето на децата одлучила да го напушти и некое врмее живеела во домот на нејзината мајка.

– Многу теж ок живот, да речам крпен живот, сама се бо рам за се гледам да преживеам. Имав тешко детство бевме со една плата која не ни стасуваше за комуналии, а не па за јадење.

Иако беше татко ми алкох оличар, не даваше прав да падне на мене. Заради работи што ми се случувале решив да се омажам, но испадна дека и тој е алк охоличар, па бев и психички и физички малтр етирана.

Сега не плаќа ни алиментација, не можам да дадам 5.000 за ту жба, а да оставам децата да не јадат. Сега го имам мирот што сум го немала но затоа сега имам други проблеми не можам на децата да им овозможам тоа што им треба.

Еден период заминала во Скопје да живее кај мајка и која била премажена но не успеала. И таму наишла на барие ри и не и преостанувало ништо друго, освен да се врати назад во родната куќа во Велес.

Запознава нов сопатник, кој нема да дозволи ниту добро да го запознае, но ќе ја остави. Како плод од таа кратка љубов се раѓа Ангела, која денес има две години и е светлина во нејзиниот живот.

– Мислејќи дека се ќе биде во ред започнав врска со друга личност, мислев дека ќе имам некоја помош, но кога видов дека не го интересира за децата решив да го оставам.

Родив дете, но, не ги прифати Димитар и Александар. Не ми даваше ниту денар. Сфатив дека повторно сум изиграна со чувствата, но во мене растеше нов живот, раскажува низ солзи Елизабета пред камерите на Срце на дланка.

Бети денес живее многу тешко со трите деца кои зависат само од неа. Мора да работи, а на децата нема кој да внимава дома. Имало месеци кога не успевала ни дрва да земе, па се грееле со греалка.

Работи во пекара, но не знае што ќе прави понатаму, сака да ја запише Ангела во градинка но во моментот не може, па се плаши дека ако сега напушти од пекарата нема да може да земе цела плата следниот месец.

Би сакала да почне да работи друга работа само прва смена барем кога ќе почне Ангела во градинка зашто друг излез не гледа.

– И бараме да ни ги среди собите, да ни купи телевизор, но вели дека сега нема не е во состојба да даде пари. Ние велиме добро мамо нареден пат, сме побарале телефон но знаеме дека не може, во еден глас велат двајцата синови.

– Бараат со другарчињата да одат на екскурзии, на базен. Треба да им дадам барем по 200 денари на двајцата. Плачат, тешко им е. Мене ми е уште потешко што ги одвојувам од безгрижното детство, вели Елизабета.

Затоа бара начин да и се помогне сега кога децата и се мали. Доколку сакате да и помогнете на оваа самохрана мајка, тоа можете да го направите на телефонскиот број 078429983 или на следната жиро-сметка 210501664353403.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.