Самохраната мајка Валентина од Охрид едвај го минува месецот – ќерката Наташа има само една желба: Сонувам да имам моја детска соба

  • By klaster3
  • септември 7, 2022
  • 0
  • 338 Views

Сигурно секој од нас познава барем по едно семејство кое едвај сврзува крај со крај за да го помине месецот, а неброено многу ги има и оние коишто не ги знаеме.

Едно од нив е семејството Стојкоски од Охрид која пред камерите на ТВ Сител ја објасни нејзината ситуација и не волјите кои ги снашле со нејзините деца.

Валентина Стојкоска Бутеска е 35 – годишна самохрана мајка на две деца која едвај сврзува крај со крај за да го помине месецот.

Од социјалната помош која што ја добива ја плаќа киријата, за храна за еден оброк одат во народната кујна се снаоѓаат некако за да го поминат денот.

Валентина низ солзи моли за помош бидејќи не знае како ќе ја помине зимата. Нема пари за струја, за дрва, книги, па стравува дека нема да може да си го дозволат и најосновното да се прехранат, а камоли нешто повеќе.

– Ништо не трошам, а струја 2.000 плаќам – а ништо, ни шпорет да троши, ништо. Во народна кујна се хранам, со лекарства сум само и со терапии, по болници.

Тежок е овој живот. Ако може некако Владата да се сож али на децава – на девојчево, крај со крај не можам да сврзам, не знам што ќе правам, раскажува Валентина.

Условите во старата куќа каде што живеат се лоши и таа вели дека често стаорци се шетаат низ собите, а не може да си дозволи подобри услови за живот.

Валентина била двапати опе рирана, а нејзината ќерка често стр адала од ал ергии. Најголемиот проблем за Валентина е тоа што цел живот живее под кирија, пред два месеци поднела документи за социјален стан но сеуште нема одговор од надлежните служби.

– Друго е твое кога ќе имаш, вака кога ќе плаќаш кирија не ни излегува крај со крај. Со тие 6.000 јас ќе им купам на децата за јадење, додава самохраната мајка.

Додека другите деца посакуваат најнови модели на телефони и играчки и облека, седумгодишната Наташа која сега е второ одделение сонува за своја детска соба каде ќе може да учи и да и доаѓаат другарчињата.

– Јас сонувам да имам моја детска соба јас кај што ќе учам и ќе ми доаѓат другарчиња, искрено проговара малата Наташа.

Самохраната мајка која живее во Охрид се надева на помош од институциите кои би требало да и овозможат топол и скромен дом каков што заслужува секој еден човек.

Целиот видео прилог за самохраната мајка Валентина може да го проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.