Животот носи многу предизвици што треба да ги совладаме, се случуваат добри и лоши работи, што го прави животот по возбудлив.
Но има и такви семејства каде што не виделе арно со години, или пак ниту еднаш во животот, и се преукопирано со сиромаштијата.
Едно таква судбина има самохраната мајка Александра, која цел живот поминува низ трнлив пат и заборавила кога последен пат се насмеала.
Четирите деца и се единствена надеж во животот и нешто што ја мотивира да успее, односно да ги извади децата на прав пат.
Се ближи слава во нејзиниот дом а таа како што вели во разговор со хуманитарката Тамара Мисирлиќ, нема ниту за најосновното да го припрема.
– Се ближи слава во куќата, но јас немам пари за да приготвам и да средам нешто. Во лоша состојба сме и незнам како да врземе крај со крај.
– Децата си бараат, морам да и овозможам, да имаат барем еден оброк во денот се трудам но понекогаш не успеав, па си легнеме гладни.
– Еве јас нема да јадам но децата мора да јадат и да растат, сакам да ги исправам на прав пат и да не скршнат од правиот пат, вели Александра.
Таа живее во мала куќарка која дува од сите страни а како што зимата навлезе вели чаре нема и често се премрзнати, иако се завиваат со многу ќебиња попусто.
Хуманитарката Мисирлиќ ја ислуша нејзината приказна и и помогна еднократно со неколку пакети кој би и помогнале на одреден период.