Фросина Ташевска Ременски е македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија која периодо повторно стана актуелна на нашата тема.
Ременски е родена во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста.
Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.
Ременски иако малку се дистанцираше од активната улога во политиката, остана мошне активна на социјалните мрежи, пред се фејсбук.
Фросина често споделува јавно со своите фанови моменти од своето секојдневие и приватни работи.
Пред неколку дена таа јавно објави дека се кандидира за нов претседател на СДСМ, позиција која останува испразнета по најавеното заминување на Заев.
„На оваа одлука се одлучив имајќи го во предвид целокупниот мој општествено политички и партиски активизам во денови и време кога СДСМ беше соочен со тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се боревме да го задржиме единството во партијата.
Ременски важеше за добра пријателка на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13 за кого проговори и откри како се запознале.
„Јас го запознавам Боки 13 додека бев Министер за труд и социјала во техничакта влада. Тој доаѓа во министерството да се заблагодари што не сум дозволила неговата мајка да остане на улица и без работа, тоа се случи во 2016 година“, изјави Фросина Ременски во емисијата во Центар и додаде:
„Јас му носев чварки на Бојан Јовановски бидејќи сакаше да јаде чварки и тоа е нормално бидејќи јас сум домаќинка“.