Дека за некој среќата не претставува скапите автомобили, полните банкарски сметки, луксузни вили и куќа докажува семејството Ѓоковиќ.
Среќата на Радомир која му се насмевнала во подоцнежните години доаѓа од соседна Албанија, жена која ќе го сака и почитува.
Во неговиот дом по речиси половина век се слушнал и бебешки плач, а тоа било доволно за солзи радосници на неговото лице. Среќата ја донесе снаата од Скадар која роди две златни деца.
“Нашите девојки не сакаа да дојдат до крајот на ова село и да бидат со мене, па патував со киломтери и километри во потрага по мојата сопруга.
,, Среќата ме погледна, бидејќи ја видов мојата сопруга дури кога се омажи за мене, но нашиот брак успеа. На почетокот беше многу тешко, но желбата за семејство и деца не спои.
,, Во мојата куќа се роди син ми Стефан дури после педесет години и тоа е најголема радост. Морам да ја продолжам мојата лоза.
,, Иако условите за живот не се модерни, имаме сè и го чиниме најдоброто за децата, а потоа за нас што останува“, изјави Радомир Ѓоковиќ за ,,РИНА”
Неговата сопруга Лине, иако има различна вера, култура и нација, поминала долг пат за да го запознае својот животен сопатник, кого никогаш во животот не го видела.
Му родила деца, се грижи за семејството. Го прифатила православието и го научила српскиот јазик. Таа ја слави славата на свети Лука, за која сама сè подготвила.
“Најтешко беше додека не го научив јазикот, од тогаш се е полесно. Ова е мојот дом сега, а децата се најсреќни. Знам да подготвувам и српска храна.
,, Од зимница до правење леб. Важно е за да ги однесеме децата на вистинскиот пат. Материјалните нешта не се единица мерка, туку хуманоста. Живееме во дом пол со љубов“, вели Лине.
Иако се населени далеку од цивилизација, само тие знаат да врзат крај со крај, со малку овци и малку малини на полето, тоа е нивниот целогодишен прилив на пари.
ФОТО: ,,Топ Вијести рс”