Раде живее во куќа која ќе падне во секој момент, а телото полека го издава и живее во неизвесност

  • By klaster2
  • ноември 11, 2021
  • 0
  • 535 Views

Раде Цмиљановиќ (55) од пријеполското село Камена Гора со тре пет гледа кон небото, бидејќи со првите зимски денови продолжуваат неговите долгогодишни ма ки.

Овој човек живее сам во куќа која е стара и трошна, а таванот во секој момент може да му падне на глава, па како што вели, ноќта не спие од ст рав, велат од ,,РИНА”

Раде е во лоша здравствена состојба, носи апарат за слушање по зафатот на увото во Белград, а како последица на болеста од која страд ал како дете, рацете значително му се тресат, па, како што вели, му е се потешко да функционираат.

-Кога бев помал некако се бо рев, работев до 2002 година во погонот на Текстилниот комбинат овде во Камена Гора, се трудев и обезбедуваав колку толку некој денар.

– Се грижев за неподвижната мајка, но сега е се потешко. Што и да земам во раце да направам, само испаѓа – вели Раде.

До неговата куќа се стигнува по земјен пат долг околу 800 метри, кој се одвојува од главниот пат и таму е најбезбедно да се помине пешки, но кога паѓа снег и тоа е невозможно.

– Најмногу се пла шам од снег, не е лесно да се доближиш до куќата, а кога наврне само гледам во покривот и таванот и чекам да се ур не.

– Кровната конструкција е целосно ур ната, од прозорите дува, а ќерамидите се оштетени, не сум смирен кога дува посилниот ветер, а за снегот да не ви кажувам, вели тој.

Во просторијата морал да стави греди кои го потпираат таванот за да ја намали можноста од пропаѓање, но поради протекување гипсот постојано паѓа, па често од таванот паѓа грутка и го буди, по што вели Раде нема сон.

Цимиљановиќ како што вели речиси целосно е зависен од другите, а неговиот прв сосед е на километар и не му е баш блиску.

– Да не грешам душа, комшиите ми помагаат, ми даваат нешто храна ми купуваат лекови и слично – вели Раде, кој нема приходи, целиот имот му е една крава и стар овоштарник.

Претседателот на Месната заедница Камена Гора Живко Кијановиќ вели дека Раде е навистина во тешка ситуација и дека помошта за него би била добредојдена.

– Најтешко е да му ги средиме покривот и таванот, би се организирале овде да го направиме тоа, само ако некој хуман може да донира градежни материјали и ќерамиди – вели Кијановиќ, кој има само пофални зборови за овој човек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.