Пристигна уште една понуда од Бугарија за Гарванлиев, сега конкретна: Ќе ти обезбедиме работа и достоен живот

  • By admin
  • март 19, 2021
  • 0
  • 1624 Views

Како што пренесо многу ммедиуми денес, ако Македонија не го испрати Гарванлиев следната година на Евросонг ќе пее за Бугарија.

Партијата ВМРО предводена од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов излезе со реакција по барањето на македонската јавност да се повлече учеството на Васил Гарванлиев од овогодинешниот Евросонг.

– Тоа што се случува со претставникот на Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее

Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму.

И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ“, пишува во соопштението на партијата предводена од Каракачанов

Сличен е ставот и поранешниот бугарски министер за култура Вежди Рашидов, кој во реакцијата на македонските граѓани препознава антибугарска реторика.

– Мора да има слобода на духот, не пријателството води кон ун иштување, коментира Рашидов за бугарските медиуми.

Гарванлиев пак во најновото интервју за Дојче веле вели дека е еден од најгордите Македонци.

Познатиот бугарски шоумен, а од скоро и политичар кој за првпат настапува со својата партија Има таков народ (ИТН) на парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов му понуди на нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа и да му обезбеди „работа и достоен живот“.

– На Васил Гарванлиев, кој треба да ја претставува Македонија на Евровизија, му се зака нува соборување од сограѓаните во Македонија, бидејќи тој објави дека е и Бугарин, бидејќи има и бугарски пасош. И сега се води кампања против него во Македонија тој да не ја претставува земјата на Евровизија.

Но, почитувани сонародници, Бугарија е секаде каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Македонија, пардон, во Северна Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното:

Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме, напиша Слави Трифонов на Фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.