Пристигна убава вест: Од утре од скопскиот аеродром ќе се лета до уште една нова дестинација

  • By admin
  • јуни 3, 2021
  • 0
  • 953 Views

Од утре од аеродромот во Скопје ќе се лета до уште една дестинација и со тоа ќе има директно поврзување на Македонија со уште една држава.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути.

Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите.

Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба.

Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Батак

-Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји.

Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини“, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска меѓу двете земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.