Денес цела Македонија се крена на нозе по апелот за помош на Надица Белдедовска која на својот личен профил на фејсбук сподели молба за пронаоѓање на својо близок роднина Александар.
Почитувани претставници на медиумите Ве замолувам да ја објавите веста за исчезнувањето на нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар МАЛИ Радио МК.
Имено тој од Германија е излеен на 18.02 2021 год со цел да дојде во Македонија поточно во Берово во својот дом.
Последна информација е дека ја преминува МКД граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага
Веднаш е алармирано во Полицијата а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.
Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање, гласеше нејзиниот апел.
Кирил Черговски, близок роднина на Алекандар пред околу еден час се огласи на фејсбук и сподели
Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт.
Ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва, Господ е голем, ви благодарам уште еднаш.