Пристигна убава вест за Македонците со дозвола за постојан престој во државите од ЕУ

  • By admin
  • јануари 23, 2022
  • 0
  • 673 Views

Конечно одлука – Европскиот суд за правда кажа колку долго неевропските граѓани треба да се присутни во земја членка на ЕУ, а да не го загубат правото на постојан престој коешто го добиле таму?

Познато е дека, според Европската директива од 2016та година граѓаните од неевропски земји може да поднесат барање за постојан престој доколку живееле легално во земја-членка на ЕУ во непрекинат период од 5 години.

За да се одобри истото потребно е да имаат стабилен приход и да можат да се издржуваат самите или фамилијата без социјална поддршка. Исто така треба да имаат здравствено осигурување и, доколку земјата го бара тоа, да докажат дека се вклучени во општеството, на пример со познавање на јазикот или основните принципи на државата.

Добиената дозвола за постојан престој ги овозможува истите права за работа, образование, социјална заштита и други придобивки како и на самите европски граѓани.

Дури овозможува полесно преселување поради работа или образование во други ЕУ земји, но се уште постојат празнини во начинот на кој се применува директивата, па Европската комисија има намера да предложи реформа годинава.

Правото може да се изгуби доколку засегнатиот граѓанин не е присутен во ЕУ во време од 12 последователни месеци (во исклучителни околности може да дозволат и поголем временски период).

Директивата не конкретизира колкав треба да е престојот за да не се загуби дозволата за престој, заради тоа Европскиот суд за правда на 20ти јануари даде појаснување.

Потребата од конкретизација се јави како резултат на еден случај поврзан со граѓанин од Казахстан кој живее во Австрија и на кого барањето за обновување на дозволата му било одбиено од страна на Гувернерот на Виена.

Причината била тоа што во претходните 5 години тој бил присутен на територијата на ЕУ само по неколку дена во годината што требало да се гледа како отсуство и да повлекува загуба на правото на постојан престој.

Тој ја оспорил одлуката барајќи толкување на правилата од Европскиот суд за правда. Управниот суд во Виена побарал објаснување од судот за тоа дали какво било присуство во државата макар и на неколку дена би било доволно за да не ја загуби дозволата за престој или може да се воведат дополнителни услови како на пример живеалиште или работа во земјата.

Како одговор на барањето , Европскиот суд претходната недела донесе одлука дека „за да се превенира загуба на правото на постојан престој“ доволно е граѓанинот да биде присутен во земјата само неколку денови во текот на една година.

Граѓаните можат слободно да патуваат или престојуваат во земја надвор од ЕУ колку што сакаат сè додека не се отсутни повеќе од 12 месеци од земјата во која имаат дозвола за престој.

За првпат Европскиот суд на правдата даде одговор. „Да бидете физички присутни во ЕУ само на неколку дена во период од една година е доволно за да не го изгубите правото на постојан престој“ , велат Европските судии.

Кога еднаш ќе се добие постојан престој, не е неопходно засегнатиот граѓанин да има постојано живеалиште или било какво занимање во Европската Унија“ , нагласуваат од Судот.

Во превод оваа одлука значи дека Македонците кои живеат и работат во државите од ЕУ со дозвола за постојан престој и се таму најмалку 5 години можат слободно да бидат надвор од ЕУ безмалку цела години и да не ја загубат дозволата.

Па така доколку некој реши да се врати во Македонија од било какви причини и да остане подолго тука, доволно е само неколку дена да биде на територијата на ЕУ за да не ја загуби дозволата.

Единствените земји коишто се откажале од оваа директива се Данска и Ирска. Според статистичките податоци на Еуростат од 23 милиони неевропски граѓани кои живеат на територијата на ЕУ, повеќе од 10 милиони добиле статус на граѓани со постојан престој во 2019та година.

Дополнително, на повеќе од 6 милиони луѓе им се заштитени правата на престој според договорот за повлекување на Обединетото Кралство од ЕУ.

„Овие граѓани се блиску до добивање на државјанство во земјите во коишто престојуваат и имаат права на образование, стручна обука, социјална заштита, даночни поволности и можност за добивање домување“ , додаваат експертите кои ги застапуваат правата на странците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.