Како во Македонија, така и воГрција ќе има голем топлотен бран, при што температурите ќе се искачат и до 44 Целзиусови степени.
Топлото време ќе потрае до 8 август, што е невообичаено долг период. Од утре натаму се очекува во текот на ноќта да биде над 30 степени.
Минатата седмица стапката на нови случаи на коронавирусот во Грција била 12 отсто повисока во споредба со претходниот период.
Научниците сега предвидуваат дека моменталниот бран на пандемијата ќе го достигне својот врв во првата половина од месец август.
Според моделот на предвидување, кој го користел професор Димостенис Саријанис од Универзитетот Аристотел во Солун, четвртиот бран на пандемијата може да се очекува во периодот од 10 до 12 август, со дневен просек од околу 3.400 новозаразени, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Во разговор за „ТВ Скај“, професор Саријанис предвидел дека од средината на месец август текот на пандемијата ќе зависи од тоа како напредува програмата за вакцинација.
Грчката Влада не планира да воведе строги ограничувачки мерки, и покрај зголемениот број новозаболени од Ковид-19.
– Во Грција вчера има нови 3.600 лица заразени со коронавирусот за еден ден, изјави министерот за туризам Харис Теохарис.
Властите соопштија дека се интензивираат полициските контроли во туристичките места. Тие веќе затвораат објекти кои имаат повеќе клиенти од дозволениот број и не се во согласност со мерките.
Според локалните медиуми, ограничувачките мерки на островот Миконос не дадода резултати.
Локалните власти на островите сакаат поголема контрола, но не и строг карантин. Според лекарите, изминатите денови делта сојот брзо се шири на островите и детските кампови.
Островот Кастелоризо, каде сите жители се вакцинирани и нема заразени стана светски хит за туристите. Сите хотели таму се целосно резервирани и за септември.
Информацијата дека нема да има дополнителки мерки е секако добра вести за големиот број македонски туристи кои планираат да го поминат својот летен одмор кај нашиот јужен сосед