Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении.
Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ.
Бројката од 3504 граѓани со бугарска самоопределеност е точна и тоа нема врска со пасошите издадени на нашите граѓани. Нема пријавен случај на зл оупотреба, ако некому не му било дозволено да се попише како Бугарин.
Најголема конт раверза предизвикаа процентот на непопишаните граѓани како резултат на повикот на бојкот – изјави претседателот на државата Стево Пендаровски за ТВ 24.
Со реакција се јави и неговиот бугарски колега Радев кој што за оваа прилика истакна.
Реков и претходно – гледајте што се случува со пописот во РС Македонија. Ова е уште еден доказ за беззаконието во РС Македонија, изјавил бугарскиот претседател Радев денеска, пренесува агенцијата БГНЕС и додадл:
Овде преку 120.000 со документ докажале дека се со бугарско потекло. Бугарија мора да продолжи со политиката на вето додека не добиеме јасни гаранции за заштита на нашиот интерес, категорично порачал Радев, пренесува новинската агенција.
Слави Трифонов лидерот на „Има таков народ“, парламентарна партија во бугарскиот парламент има забелешки кон официјалните резулати од пописот во Македонија кои беа објавени денеска.
Трифонов вели дека на претставувањето на резултатите Бугарите не ни биле споменати, а потоа било објавено дека во Македонија како Бугари се изјасниле 3.504 граѓани, што според него значи дека Бугари скоро и да нема.
Трифонов вели дека тоа не е точно и дека во Бугарија се издадени повеќе од 100.000 бугарски пасоши на граѓани од Северна Македонија.
„Само во последните 2 години, кога светот го затвори пандемијата, бугарски пасоши добиле 16.692 граѓани на Северна Македонија. А според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен.
Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да ги нарекуваат „Бугари“. Зошто во една нормална европска земја, како што тврди Северна Македонија, еден човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја, вели Трифонов.