Пристигнаа неповолни вести од „Визер“ за Македонците: Останаа без три фрекфентни линии

  • By admin
  • јануари 20, 2022
  • 0
  • 606 Views

Од најголемата авиокомпанија која лета од и до Македонија, Визер денес пристигна не поволна вест.

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ потврди дека ги прекинала летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака, како и од Охрид кон Милано, објави специјализираната веб-страница за ависообраќај Ехјуавиатион.

Од компанијата не ги наведуваат причините за укинување на овие две линии, како и на уште една линија – од Охрид кон Милано, ниту пак дали некогаш ќе се обноват.

Билети за двата лета од Скопје веќе некое време не се продаваат. Линијата за Барселона неколкупати беше прекинувана во изминатите три години, делумно и поради пандемијата.

Летовите кон шпанскиот град беа обновени по укинувањето на карантините низ Европа и линијата повремено беше во функција до декември.

Летот Скопје-Ларнака беше суспендиран на почетокот на пандемијата и оттогаш воопшто не беше обновен. Во исто време, „Визер“ објави дека на 3 март ќе воведе летови од Скопје за Торино.

„Визер“ ги откажа и летовите меѓу Охрид и Милано (Малпенса), кои беа воведени во март 2019, но беа прекинати во 2020 во екот на пандемијата.

Моментално, „Визер“ ги одржува само летовите од Охрид за Базел, додека летовите кон Меминген и Малме ќе продолжат во февруари, а кон Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон во март.

Од базата во Скопје, унгарскиот нискобуџетен превозник во моментов оперира со четири авиони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.