Грчките власти утринава ја продолжија потрагата по 28 годишниот Мартин, кој во саботата попладнето исчезна во морето на Халкидики.
Грчките медиуми објавуваат дека денеска временските услови се многу поповолни, откако вчера операцијата ја отежнуваше ло шото време и силниот ветер.
Во потрагата утринава се вклучени три брода, четири патролни возила на грчката крајбрежна стража, хеликоптер како и поголема групи волонтери.
Во текот на денот треба да се вклучи и авион и подводен дрон, чија камера обезбедува слика на длабочина од 100 метри и фронтална должина од 30 метри.
Мартин исчезна во саботата попладне додека се капел на плажата во местото Посиди, заедно со уште двајца негови пријатели.
Пред неколку моменти преку својот профил се огласи Горан Јовановски, брат на третото момче кое ичезна на Халикидики и по кое се уште се бара:
Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до офкат екипата спасували од Грција и до Генералниот конзулат во Солун кои изминативе три дена се заедно со насето семејство во потрага на нашиот Мартин.
Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од Македонската влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејки според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден.
Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме Македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела владата да организира некаква акција.Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин.
Ве молам шернувајте за да стигне постот до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за нашето семејство.