Прашање кое многумина ги интересира: Колку пари ја чини Македонија учеството на Евровизија

  • By admin
  • март 15, 2021
  • 0
  • 1149 Views

Неколку години наназад во пресрет на одржување на Евровизија се отвара прашањето – дали на Македонија и е потребно учесто на овој настан.

Многумина сметаат дека тоа се за џабе фрлени пари кои може на многу покорисен начин да се искористат.

Дополнително атмосферата се подгреа по последните случувања со спотото, а потоа и интервјуто на овогодинешниот наш учесник, Васил Гарванлиев.

Пред неколку години Фокус објави дека од МРТ и било изјавено дека буџетот за Евровизија и за Детска Евровизија на годишно ниво изнесува околу 114.000 евра, со отстапки кои не треба да се повеќе од 10 проценти.

-Планираниот буџет за ТВ проектот ЕВРОСОНГ, според финансискиот план на ЈРП МРТ изнесува 7.000.000 (седум милиони) денари. „За нештата да станат појасни“, Евросонг е проект во којшто влегуваат две претставување на Македонија и на Јавниот сервис во Европа:

Јуниорски Евросонг и Евросонг. Во таа сума влегуваат две котизации: Котизација за Детски Евросонг (која чини околу 310.000 денари ) и котизација за Евросонг (која чини околу 2.264.060 ден).

Останатите средства се користат за покривање на авторските дела (композиции, текстови, аранжмани), видео спотови, патните и други трошоци за делегациите кои не претставуваат на двете манифестации (Детски Евросонг и Евросонг).

Имајќи предвид колку шоу бизнисот е скапа работа, имајќи ги предвид буџетите на останатите земји – учесници , овие средства се премалку – беше ставот на МРТ, објавен во ,,Фокус” во 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.