Татјана Лазаревска, eдна од нашите најпопуларни фолк пејачки, заедно со своето семејство, сопругот Новица Василевски и двата сина повеќе од пет години живее во Австралија каде што си купија и куќа.
Кога станува збор за развеселување на Македонците во Австралија, Татјана и Новица се прв избор за секаков вид свечености – приватни забави, родендени, свадби, прослави. Забавата со нив секогаш е загарантирана
-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.
-Со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.
Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хи т оставам на публиката да пресуди“, изјави Татјана во една прилика.
Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не мана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубено како на почетокот на нивната врска.
– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети Лазаревска во една прилика.
Неодамна тие прославија јубилеј од 22 години заеднички живот, а си посакаа годините да им се множат во љубов и слога.
Татјана е доста активна на социјалните мрежи, па не поминува настап, роденден, прослава, а да не сподели некој дел со нејзините фанови.
Мајката на Татјана, Снежана, живее во Македонија, но ќерка и не пропушта можност а да не ја разгали мајка си. До пред извесно време и беше подолг период на гости во Австралија.
Нејзината мајка денес го слави роденденот, па Татјана на социјалните мрежи и упати емотивна порака и и го честита роденденот, а честитките од пријателите и фановите не изостанаа.
„Мамо, никој никогаш не може да го има твоето место во моето срце. Те сакам засекогаш. Нема проблем каде одам или кого ќе сретнам. Постојано ќе бидеш број еден за мене.Среќен роденден“